Членовите на охридскиот подмладок Лекоски Мартин, Албер Наџаку, Трајкоски Филип, Меритон Мерко и Кочоски Валентин ќе бидат дел регионалната селекција која ќе одигра селективен меч во македонскиот дрес.


Селективни натпревари за Репрезентацијата У-16 односно играчи родени 1996 год. и помлади, се одиграа во Струмица и Скопје, додека денес ќе се игра во Прилеп.

Селекторот на У16 репрезентацијата последниот филтер ќе го има на 6 и 8 септември кога ќе ги одмерат силите со соодветната селекција на Турција.

М.П.