Во рамки на училишниот проект на ЕВН Македонија за учебната 2013/14 година, утре, во Хотел „Силекс“- Охрид ќе се одржи детски квиз-натпревар за енергетска ефикасност.
Претставници на зелените енергетски клубови односно секции формирани во 12 основни училишта низ Македонија на овој настан ќе го покажат она што го научиле низ целата учебна година. Најдобрите три клубови ќе бидат наградени.
Младинци од повеќе средни училишта и факултети низ цела Македонија, меѓу кои и штитеници на домот „11 Октомври“ од Скопје, ги обмислија креативните решенија за изведба на игрите на квизот, информираат од ЕВН.
OhridNews