Францускиот спортски дневник Л`Екип го избра идеалниот фудбалски тим за 2010 година. Екипата е составена од петмина Шпанци, двајца Бразилци и по еден фудбалер од Аргентина, Германија, Португалија и Холандија.


Француските новинари годинава во идеалниот тим не избраа ниту еден фудбалер од својата земја, за разлика од претходните две години кога единствен преставник беше Патрис Евра. Интересно во идеалниот тим немаше место ниту за Кристијано Роналдо.

Во идеалниот тим на Л`Екип се: Икер Касиљас, Жерард Пике, Серхио Бускетс, Чави, Андрес Иниеста (сите од Шпанија), Маикон и Лусио од Бразил, Фабио Коентрао (Португалија), Весли Снајдер (Холандија), Бастијан Швајнштајгер (Германија) и Лионел Меси (Аргентина).

Извор “Макфакс“
Ohridnews