Угледниот француски весник Л`екип пренесува дека Манчестер Јунајтед и Јувентус по два дена преговори најдоа заеднички јазик за трансферот на Пол Погба на Олд Трафорд.
23-годишниот фудбалер на челниците од италијанскиот првак Јувентус им ставил до знаење дека сака да се врати на Олд Трафорд од каде 2012 година замина без оштета.
Л`екип не ја пренесува точната сума која ќе ја платат „црвените ѓаволи“ за трансферот на Погба, но сигурно ќе биде мулти милионска.
Првата понуда која англискиот премиерлигаш ја испрати за Погба до Јувентус изнесуваше 101 милиони, но клубот од Торино експресно ја одби барајќи 120 милиони евра.
Францускиот репрезентативец се наоѓа на одмор по завршување на Европското првенство додека Манчестер Јунајтед моментално е на турнеаја во Кина.
Л`екип: Погба е нов играч на Манчестер Јунајтед !
OhridNews