Инвестицијата вредна 300 000 евра, ќе ја користат талентираните и професорите. Исто така, лабораторијата е од огромна помош за студентите. Отсега, тие ќе можат практично да ги вежбаат алгоритмите кои претходно ги правеле само преку симулации. „Им даваме можност на најталентирани да ја искористат опремата во фундаменталната наука. Понатака, во соработка со домашните и странски компании, лабораторијата ќе се користи за апликативни цели кои ќе се применуваат во индусутријата. – вели Груевски.
Во лабораторијата беа претставени андроидни роботи, со способност за маневрирање. Роботите со вградени камери и 3Д ласерски скенер, во иднина ќе можат да се користат во различни области. Така на пример во индустриски развиените земји како Јапонија, Израел и Шведска, интелегентната роботика се користи при мисии за спасување, кога е потребно мапирање на тешко пристапни зони, како и при искоренување плевел и инсекти во ниви без употреба на пестициди.