Екипата на Лабуништа е најпријатното изненадување во втората полусезона од Втората македонска фудбалска лига. Со победата (3-1) над Еуромилк фудбалерите на Лабуништа стигнаа до нови три бодови и ја продолжија серијата на 14 мечеви без пораз.

Отпорот на „млекарите“ на градскиот стадион во Струга избраниците на Пепи Џигероски го скршија под 48-та до 60-та минута кога постигнаа три голови. Два од трите реализираше Климе Далчески, а еднаш прецизен беше Пајазит Салиу.

Тимот на Лабуништа кој се наоѓа на петтата позиција од табелата заостанува три бодови од лидерот Македонија Ѓорче Петров. Во следната рунда која на програмата е во вторник Лабуништа силите ќе ги одмери со Струга Трим Лум.

OhridNews