Струшките екипи во Втората македонска фудбалска лига-запад, Лабуништа односно Струга Трим Лум имаа различен почеток на пролетната полусезона.

Лабуништа на домашен терен во Струга со минимални 1-0 ја совлада екипата на Локомотива. Стрелец на погодокот вреден три бодови беше Илија Далчески во второто полувреме од мечот. Фудбалерите на Струга Трим Лум го положија оружјето на гостувањето во Тетово претрпувајќи пораз од Тетекс 2-0.

Лабуништа со трите бодови се зацврсти на средината од табелата, додека Струга Трим Лум падна една позиција и претрпе голем удар во амбициите за влез во Првата лига.

Резултати: Лабуништа – Локомотива 1-0, Зајаз – Еуромилк одложено, Велазирими – Гостивар 0-1, Македонија ЃП – Новаци 1-0, Тетекс – Струга Трим Лум.

Табела: Гостивар 28, Македонија ШП 26, Велазерими 25, Струга Трим Лум 24, Лабуништа 22, Еуромилк 20, Тетекс 19, Локомотива 18, Зајаз 12, Новаци 7.

Фото: Архива
OhridNews