Жителите на струшко Лабуништа се жалат дека експлоатацијата на минерали во околните каменоломи им го загрозува здравјето, а штети, како што велат, трпи и локалната инфраструктура.
-Наместо на младите да им дадеме спорт и рекреација ние им оставаме загаден воздух, каменоломи и незаштитени улици затоа што камионите што врват тука секојдневно прават штета, вели Мирсад Мемишоски, жител на Лабуништа и член на Советот на град Струга.
Лабуништани преку својот претставник во градскиот совет во Струга, пред два месеци побараа надлежните институции да изготват извештај за влијанието на каменоломите врз животната средина и дали концесионерите ги имаат сите потребни дозволи за експлоатација. Одговор се уште не добиле.
-Доколку не добиеме информации во врска со постоечките дозволи на сопственицитена каменоломите во Лабуништа ние немаме друга опција освен да го повикаме народот на протести, истакна Мемишоски.
Од инспекторатот за животна средина во општина Струга информираат дека концесија за експлоатација на каменоломи во Лабуништа имаат два правни субјекти, а во постапка е уште едно барање. Покрај дозвола за експлоатација, согласно законот концесионерите на каменоломите треба да поседуваат и Б еколошка интегрирана дозвола, со која се пропишуваат нормативи за заштита на животната средина и здравјето на луѓето.
-Двата каменоломи што се, едниот е во завршна фаза со сите комплет документи, имаат доставено до општина Струга барање за Б интегрирана еколошка дозвола. Завршена е целата работа како ќе се работи со какви материјали и какво е нивното влијание врз животната средина. Таму нема сепарации нема толку енормни количини на прашина. Едната е на почетокот на селото и не пречи другате е во атарот на долна Белица,
Врз основа на поднесените елаборати општина Струга треба да донесе одлука дали каменоломите во Лабуништа каде живеат 9000 жители ги исполнуваат потребните еколошки стандарди за заштита на животната средина и здравјето на луѓето.
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Гинеколошката ординација на д-р Владо Устијаноски, специјалист по гинекологија и акушерство, одбележува една година од своето основање, период исполнет со професионална посветеност, континуирана гр...
Утре премиерно ќе биде изведена тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 20 часот Претставата е по...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.