Екипата на Лацио, експресно се врати во победнички колосек во Серија А совладувајќи го Спал со 5-1 на „Олимпико“, додека Милан освои само бод на „Сан Сиро“ против Верона ремизирајќи 1-1 во рамките од 22-та рунда од италијанскиот шампионат.
„Лацијалите“ со убедлив триумф го пребродија ремито со Рома во градското дерби. Домаќините, распукаа во првиот дел во кој постигнаа четири голови. Најдобриот стрелец во Серија А, Чиро Имобиле постигна два погодоци, а другите два беа дело на Каиседо. Во вториот дел, Лацио преку Адекану ја заокружи „петардата“ во мрежата на Спал.
„Росонерите“, испуштија добра прилика да се приближат до ТОП 4 местата на табелата, откако ремизираа со Верона на домашен терен. Верона поведе во мечот со 1-0 со погодокот на Фарони. Чаланоглу од слободен удар после 30-тина минути игра ја погоди мрежата на гостите и изедначи 1-1. Во 68-та минута, Верона остана со фудбалер помалку, но Милан не ја искористи бројчаната предност на теренот и мечот заврши 1-1.
Резултати:
Јувентус – Фиорентина 3-0
Милан – Верона 1-1
Аталанта – Џенова 2-2
Лацио – Спал 5-1
Лече – Торино
Удинезе – Интер
OhridNews