Екипата на Лацио покажа како се прифаќа пораз и како се реагира кога фудбалерите ќе катастрофално ќе погрешат и прекршат клупските правила. „Лацијалите“ го изгубија мечот со Киево (2-1) на домашен терен, а голема вина за тоа имаат српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ Савиќ и Луис Алберто кои добија директни црвени картони.

Дисциплинската комисија им изрече суспензија од два натпревари, а клубот од Олимпико дополнително ќе ги казни парично и можеби со еден меч принудна пауза. Милинковиќ Савиќ за ударот без топка на противнички играч казнет со 50 000 евра, а Луис Алберто за црвенио кратон со 40 000 евра.

Поразот, најскапо може да го чини Лацио кој направи чекор назад во борбата за ТОП 4 во Серија А и пласман во Лигата на Шампиони.

OhridNews