Екипата на Лацио се закити со трофејот во Купот на Италија. „Небесно-сините“ во финалето на Олимпискиот стадион во Рим со 2-0 ја совладаа Аталанта во финалето.

Освојувачот на титулата во најмасовното клупско натпреварување на Апенините беше решен во последните десет минути од натпреварот. Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ Савиќ во 82-та минута го отвори резултатот, а победата ја запечати Хоакин Кореа во 90-та минута од мечот.

Со триумфот во Купот, Лацио стигна до седмата титула во клупската историја и обезбеди сигурно учество во Лигата на Европа, бидејќи во првенството најверојатно нема да стигне до местата на табелата кои водат во европските натпреварувања.

OhridNews