Актуелниот шампион во Премиер лигата, Челси со пораз од Барнли (3-2) на домашен терен ја започна одбраната на титулата во најквалитетната лига во Англија.

Гостите ги искористија сите шанси и можности на „Стемфорд Бриџ“ погодувајќи три пати во првиот дел. Домаќините со фудбалер помалку и со два подоцна притиснаа, но успеаја само да го ублажат поразот.

„Црвените“ од Енфилд освоија еден , но изгубија два бодови на „Викариџ Роуд“ против Ватфорд ремизирајќи 3-3. Домашните фудбалери со гол во судиското продолжение се спасија од пораз и му ја скратија радоста на Ливерпул. 

Првото коло во Премиер лигата ќе се комплетира в недела со мечевите помеѓу Њукасл – Тотенхем односно Манчестер Јунајтед – Вест Хем.

Резултати: Ватфорд – Ливерпул 3-3, Челси – Барнли 2-3, Кристал Палас – Хадерсфилд 0-3, Евертон – Стоук 1-0, Саутемптон – Свонси 0-0, ВБА – Бурнмаут 1-0, Брајтон – Мен Сити 0-2.

OhridNews