Екипата на Тотенхем направи чекор назад во трката за титулата во Премиер лигата, откако претрпе пораз (2-1) на гостувањето на стадионот „Турф Мур“ од составот на Барнли.

Фудбалерите на Барнли на гостинскиот тим ладен туш му сервираа со погодокот на Ешли Барнс во 84-та минута од натпреварот. Тотенхем притисна до крајот, но немаше сила да погоди и освои барем бод. Претходно домаќините поведоа во 57-та минута преку Крис Вуд, а Тотенхем израмни со голот на повратникот Хари Кејн.

Тотенхем прокоцка убава шанса да се доближи до второпласираниот Ливерпул кој во рамките од 27-та рунда гостува на Олд Трафорд кај Манчестер Јунајтед.

OhridNews