По катастрофалниот земјотрес кој го погоди Хаити, од сите страни на светот почна да пристигнува помош за разрушената островска земја. Покрај државите, ОН и познати личности, хуманитарна помош понудија и повеќе фондации и движења.
И додека светот се мобилизира за помош, на Хаити состојбата и натаму е загрижувачка. Под урнатините се наоѓаат илјадници мртви тела, а населението е без покрив над глава, без вода и храна. Околу 10 000 американски војници од вчера ја презедоа контролата над единствениот аеродром на Хаити и започнаа да се распоредуваат на пунктови низ разрушената земја со цел да го обезбедат доставувањето на хуманитарната помош.












