Во рамки на одбележување на Неделата на животна средина и одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животната средина, лајонс клубот „Лихнидос“ и оваа година во соработка со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, во месноста Мазија организираше акција за чистење на Охридското Езеро од отпад.
Членови на клубот и студенти за неколку часа го светнаа крајбрежјето во центарот на Охрид. Од езерото беа извадени големи количини најразличен отпад, кој го подигнаа екипи на јавното комунално претпријатие.
– Ваквите акции се добродојдени и треба да преминат во традицонални. На овој начин сакаме да поттикнеме и други институции и организации да се ангажираат во заштитата на животната средина и да влијаат на подигнување на еколошката свест кај населението, истакнаа лајансите од „Лихнидос“, кои уште еднаш демонстрираа висока општествена одговорност.
Лајансите од „Лихнидос“ го светна охридското крајбрежје