Неодамна во главниот град на Италија во организација на лајансите од Рим и ЛК „Лихнидос“ од Охрид, се одржа хуманитарен концерт и театарска претстава, кои беа посветени за ранливите групи граѓани на Охрид. Театарската група “Compagnia Le Scatenate +2” ги донираше сите средства од претставата на ЛК Лихнидос. Исто така членот на охридскиот лајанс клуб, Емилија Маринова, одржа втор концерт пред римската публика, од кој средставата исто така ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Емилија Маринова во друштво на актерите од Рим
Ова е втора интернационална активност на ЛК Лихнидос во Рим, која ја помогна големиот италијански хуманитарец Анџело Џанони, инаку уметнилки директор на фестивалот “Tempietto“ во Рим.
Лајансите од Лихнидос и големиот хуманитарец Анџело Џанони
Собраните средства од хуманитарните активности, ЛК Лихнидос ќе ги донира на социјално загрозени граѓани и во други хуманитарни цели.