Членовите на лајанс клубот „Лихнидос“ од Охрид, на оригинален начин придонесуваат за заштита на животната средина. Тие во соработка со туристи од Полска кои оваа сезона во голем број ќе престојуваат во нашата земја, започнаа акција за чистење на познатите излетнички места во Охрид од отпад.


Лајансите од „Лихнидос“ и туристи од Полска ја чистат Галичица

Имено, покрај останатите активности, полските туристи имаат и тура за Битола преку Галичица и Преспа. Програмата предвидува и пешачење по асфалтниот пат кој води преку Галичица, каде неодамна беше спроведена првата од низата еколошки акции во која полските туристи и лајансите од „Лихнидос“ собраа поголема количина најразличен цврст отпад расфрлан покрај коловозот.
 
Вакви акции членовите на ЛК „Лихнидос“ и туристите од Полска ќе спроведуваат секоја среда до крајот на септември.

OhridNews