Во пресрет на новогодишните празници лајонс Клубот “Десарети” од Охрид и балетското здружение “Соната” од Охрид организираа претстава за најмладите пациенти во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” – Охрид.

Малите балерини изведоа едночасовна програма, која им ги стопли срцата на најмалите пациенти, нивните родители и персоналот. Членовите на клубот поделија новогодишни пакетчиња. 

Лајонс Клубот “Десарети” во соработка со Црвениот крст најавува уште една акција во рамки на која ќе се обезбедат водени бои, вуница, дрвени боици и други материјали со кои ќе се поттикне тимската работа, иновативноста и креативноста на лицата со посебни потреби згрижени во центарот „Зраци“. 

Неодамна лајанс клубот „Десарети“ во соработка со центарот „Зраци“ и ОУ „Св. Климент Охридски“ реализираше хуманитарна акција за изработка на накит и мозаици. Средставата од продажбата беа донирани во хуманитарни цели.

OhridNews