Екипата на Арсенал за рекордни 60 милиони евра во своите редови го доведе фудбалерот на Лион, Александар Лаказет.
Францускиот репрезентативец минатата сезона во дресот на „лавовите“ постигна 28 голови на 30 мечеви и се наметна како потенцијално засилување кај менаџерот Арсен Венгер.
Трансферот вреден 60 милиони евра на Лаказет го сруши на Месут Озил кој за 50 милиони евра пред четири години премина од Реал Мадрид на Емирати.
Лаказет е втор фудбалер кој сезонава го засили Арсенал. Прв фудбалер кој им се приклучи на „топчиите“ беше Сеад Колашинац од Шалке.
OhridNews