Баерн Минхен со 2-0 триумфираше против Јувентус во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на Шампиони. “Баварците“ со головите на Алаба и Милер остварија предноста, која мора да ја одбранат за пласман во полуфиналето.

– Тоа беше добар натпревар за нас, но сеуште не сме пласирани во најдобрите четири. Не им оставивме премногу простор за игра на Јувентус затоа не создадоа многу шанси за голови. Победата може да изгледа голема, но наредната недела ова мора да го повториме и да си го трасираме патот во полуфиналето – рече капитенот на “баварците“, Филип Лам.

Пред неколку сезони во последната рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони, Баерн Минхен со убедливи 4-1 славеше над Јувентус и обезбеди пласман во нокаут фазата, а “старата дама“ го заврши својот настап во најеминетното натпреварување.

Мх.П.