Менаџерските рокади во екипата на Челси станаа навика по доаѓањето на Роман Абрамовиќ во клубот. Но, само Френк Лампард и Џон Тери ги преживеаја сите смени, а сега тие се во немилост на новиот Рафаел Бенитез кои се поретко се наоѓаат во почетниот состав.


– Многу луѓе зборуваат дека има наследник за Рафаел Бенитез. Едни не поврзуваат со Жозе Мурињо, тој е прекрасен тренер има голем кредибилитет во клубот и меѓу нас. Но, нам ни треба менаџер, кој планира во клубот да остане подолго време, а не само една полусезона – рече Лампард.

Сезонава покрај проблемите околу новиот договор Лампард на теренот дава максимум, а беше стрелец на неколку важни натпревари во кои “сините“ победуваа.

Мх.П.