Легендарниот англиски фудбалер Френк Лампард имаше успешен почеток на менаџерската кариера, откако неговиот клуб Дерби Каунти со погодок во последната минута го совлада Ридинг (2-1) во првата рунда од Чемпионшип дивизијата во Англија.
Дека многу му значеше триумфот и победничкиот почеток Лампард покажа со реакцијата после вториот погодок кој беше дело на Том Лоренс. Дерби Каунти со Лампард уште пред сезоната најавија атак на местата кои водат во Премиер лигата, а со тимска хемија каква што можеше да се забележи двете страни се на вистинскиот пат.
Во втората рунда од англиската Прва лига, Дерби Каунти ќе го пречекаат Лидс на домашен терен.
OhridNews