Прославениот англиски фудбалер и член на Челси, Френк Лампард ќе има нова улога во фудбалот, откако се договори со телевизиската куќа БТ да биде стручен коментантор за време на мечевите од англиската Премиер лига.
Лампард минатата сезона на Скај Спорт телевизијата дебитираше како гостин-водител кога „сините“ ја прославуваа титулата од Премиер лигата.
На телевизиските екрани Лампард ќе дебитира в недела кога на Вембли во рамките од Супер купот на Англија ќе се сретнат градскиот ривали Арсенал и Челси.
Дел од БТ телевизијата веќе се неколку поранешни фудбалери кои оставиле траен белег во англискиот и светскиот фудбал како Рио Феринанд, Гери Невил, Стивен Џерард и Џејми Карагер.
OhridNews