Во 2021 година дипломирале 7 753 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите во земјава, што претставува зголемување за 12.2 отсто во споредба со 2020, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На УИНТ Св. Апостол Павле дипломирале 32 студенти, додека 89 студенти на Факултетот за туризам и угостителство, велат податоците.
Од вкупниот број дипломирани студенти, 6 528, односно 84.2 отсто се редовни, а 1 225, односно 15.8 проценти се вонредни студенти.
Од дипломираните, 58.8 отсто се студентки. Во рок дипломирале 28 проценти од вкупниот број студенти, а по рокот 72 отсто.
OhridNews