Францускиот интернационалец Ајмерик Лапорт со трансферот во Манчестер Сити од Атлетик Билбао го спаси својот матичен клуб Ажен од банкрот и згаснување.
Според правилата на ФИФА околу трансферите, еден процент од целокупниот износ од трансферот му припаѓа на првиот клуб во кој настапил фудбалерот под професионален договор.
Ажен од трансферот на Лапорт во Манчестер Сити заработи околу 630 000 евра и се спаси од банкрот и згаснување, откако го подмири долгот 100 000 евра кој беше сериозна закана за најлошо сценарио.
Лапорт го запиша и вториот настап за Сити во Премиер лигата одигрувајќи цел меч во победата над Лестер (5-1) на „Етихад“ стадионот.
OhridNews