Манчестер Сити го претрка градскиот ривал Манчестер Јунајтед во трката за потписот на фудбалерот од Атлетик Билбао, Америк Лапорта.


Францускиот интернационалец ги одбил Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Барселона поради Пеп Гвардиола кој следната сезона ќе седне на клупата од „граѓаните“.

Манчестер Сити за услугите на 21-годишниот фудбалер на баскијскиот клуб ќе му исплати неверојатни 50 милиони евра.

Лапорта веќе има 100 натпревари одиграно за Атлетик Билбао во Ла Лига и се наоѓа на поширокиот список од францускиот селектор Дидиер Дешамш за престојното Европско првенство.

OhridNews