ЛАР Струга, во рамките на втората фаза од програмата на ТАКСО за градење капацитет на цивилното општество во земјите опфатени со ИПА програмите, е ментор организација која по пат на подучување, како и со консултантска поддршка и организирање работилници и обуки, работи на развивање на капацитетите на четири граѓански организации од регионот : Центарот за развој и унапредување на јавниот живот- Тетово, Стопанска комора на Македонија -Регионална комора Охрид, Здружението на граѓани за заштита на културниот идентитет на Египќаните ИЗИДА – Ресен и Центарот за помош и интегрирање на недоволно развиените и развиените подрачја во граѓанското општество, Кичево.
Во текот на првата фаза, ЛАР на избраните асоцијации им понуди менторска поддршка при процесот на спроведување организациска самоевалуација.
Во периодот септември – декември 2012, поддршката ќе се инкорпорира преку реализација на Планот за градење капацитети низ семинари,обуки и подучување.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com