Екипата на Лацио е првиот патник во полуфиналето во Купот на Италија откако на Сан Сиро го совлада тимот на Милан со минимални 1-0.
Лацијалите поведоа со голот од пенал на Лукас Биглија во 36-та минута, а до крајот на полувремето остана со фудбалер помалку по брзите два жолти картони на Лорик Цана.
Бројчаната предност на теренот не ја искористија „росонерите“ и во четвртфиналето го завршија настапот во Купот.
Противник на „небесносините“ во полуфиналето ќе му биде победникот од мечот меѓу Наполи и Интер.
Мх.П.