Екипата на Лацио претрпе минимален пораз 1-0 од Џенова во последниот натпревар од 22-то коло во Серија А.


Победничкиот погодок гостите го постигнаа во 30-та минута од белата точка преку Диего Пероти, а „лацијалите“ останаа со фудбалер помалку откако исклучен беше голманот Федерико Маркети.


Со трите бодови од Олимпико фудбалерите на Џенова заостануваат само два бодови од шесто пласираниот Лацио.

Мх.П.