Без победник (1-1) заврши дерби средбата на Сан Паоло меѓу Наполи и Лацио во 12-та рунда од Серија А.
Мрежите иако мируваа во првиот дел, двете екипи имаа изгледни прилики за погодок кои нажалост не ги искористија.
Затоа, голови имаше во вторите 45 минути од натпреварот. Домаќините поведоа со голот на Марек Хамшик во 52-та минута, а само 87 секунди подоцна гостите од Рим израмнија преку Балде Дијао Кеита.
„Азурите“, во продолжението од мечот нападнаа, но не успеаја да ја искористат теренската иницијатива.
Во натпреварот кој ја најави новата 12-та рунда во калчолигата Торино со 5-1 го совлада тимот на Каљари.
OhridNews