Во паркот на поезијата во Струга, утрово, добитникот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте, го засади дрвото на поезијата.
-Во наредните четири дена јас сум градоначалник на Струга, бидејќи актуелниот градоначалник на градот ми го даде тоа овластување, рече на шега лауреатот, истакнувајќи дека наградата на СВП ќе ги зближи Македонија и Јужна Африка.
По засадување на дрвото во паркот на поезијата Монгани Вали Сероте, рецитираше песна од својата богата поезија, а со свој песни се претставија и повеќемина учесници на манифестацијата.
На фестивалот, кој ќе биде отвотрен вечерва, учество ќе земат 120 странски и домашни поети.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com