Лав избегал од кафез и тргнал кон публиката која го следела шоуто во циркусот „Сафари“ во Кавадарци. Завладеала паника, но вработените во унгарскиот циркус не дозволиле да се случи трагедија, јавува телевизијата „Телма“.

Според кажувањата на присутните кафезот во кој бил затворен лавот паднал, а  животното тогаш ја турнало оградата и се ослободило. Лавот тргнал кон публиката, каде имало многу деца кои почнале да врескаат. Реагирале дресерите, па лавот се вратил назад. Половината од публиката ја напуштиле претставата пред време, страхувајќи за безбедноста на своите деца.

Полицијата состави извештај за овој инцидент во кој се вели дека безбедноста била загрозена околу 17 часот во циркусот „Сафари“ и дека никој не е повреден.

OhridNews