Фудбалерот на Пари Сент Жермен, Езекил Лавеци ќе биде најверојатно нов фудбалер кој ќе замине во Кина на „дебела“ печалба.


Шангај Шенхуа е тимот кој е заинтересиран за услугите на аргентинскиот репрезентативец кој падна во сенка под Златан Ибрахимовиќ, Анхел ди Марија и Едисон Кавани во дресот на „светците“.

Екипите од Кина не штедат од своите финансиските средства и со големи плати ги привлекуваат играчите од Европа.

Кинезите во зимскиот преоден рок потрошија повеќе од 200 милиони евра и го имаа главниот збор на трансфер пазарот.

Инаку, долго време Лавеци беше на радарот на Барселона, Интер, Јувентус и Ливерпул, но очигледно Аргентинецот ќе ги одбере парите пред елитниот фудбал.

OhridNews