Аргентискиот репрезентативец и член на Пари Сент Жермен, Езекил Лавеци е се поблиску до враќање во Серија А.


Неговиот агент е забележан на средба со челниците на Интер кои не криеја дека сакаат да го доведат во своите редови.

Неодамна и самиот фудбалер изјави дека му недостасува „калчолигата“ и оти сака да се врати во Италија.

За неговите услуги беше загреан Ливерпул, но по се изгледа „црвените“ ќе мораат да се насочат кон друг фудбалер.

Мх.П.