Аргентинскиот репрезентативец Езекил Лавеци ќе биде првиот фудбалер, кој ќе го засили Ливерпул откако челниците на клубот постигнаа договор со францускиот првак ПСЖ.


29-годишниот фудбалер во дресот на „црвените“ треба да пристигне во следните неколку дена, а висината на трансферот изнесува 10, 5 милиони евра.

Лавеци сезонава не брилира и има постигнато само два погодоци во 18 натпревари за „светците“.

Мх.П.