Лавина затрупа дел од патот Струга – Дебар кај месноста Три Чешми, три километри пред централата Глобочица, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Лавината затрупала десетина метри од патот Дебар – Струга, поради што сообраќајот на овој патен правец е во прекинат.
За рсчистување на лавината била ангажира градежна машина која работи на патниот правец село Модрич-село Дренок и според последните информации, патниот правец Дебар – Струга делумно е прооден.
Како што информираат од АМСМ, на сите магистрални и регионални патни правци низ државата сообраќајот се одвива тековно во зимски услови. На повисоките места и планинските премини наместа со остатоци од снег. Забрана за тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.












