ЛК „Лихнидос“ од Охрид продолжува со хуманитарните активности. По неколкуте реализирани проекти за поддршкa на ранливи категории граѓани и млади музички таленти, клубот се вклучи и во акцијата „Декември – Месец на отворено срце“ која има за цел да се соберат средства за набавка на специјално возило за лицата со посебни потреби од општината. Клубот подготви хуманитарни новогодишни честитки по цена од 50 денари. Сите средства од продажбата на овие честитки ќе бидат наменети за реализација на иницијативата за набавка на специјално возило за лицата со посебни потреби. Сите заинтересирани правни и физички лица можат да ја поддржат иницијативата со купување на хуманитарните новогодишни честитки. Повеќе информации заинтересираните можат да добијат на тел. 070/ 261 301.

Покрај ова ЛК Лихнидос во понеделник 17-ти декември во големата сала на општината ќе одржи хуманитарен концерт, на кој ќе настапат музички таленти од градот и познатата пијанистка Емилија Маринова.

Исто така на 24-ти декември ЛК Лихнидос во соработка со Народниот театар Охрид и Центарот за култура организира хуманитарна театарска претстава. По тој повод Народниот театар ќе ја изведе извонредната претстава „Ај да си речиме уште една“.

OhridNews