Смрзнати лазањи со говедско меско од шведскиот бренд „Финдус“ нема на македонскиот пазар, потврдиле инспекциските контроли направени вчера.

Според најавите на Македонската Агенција за храна и ветеринарство, во наредниот период ќе следи засилен мониторинг на операторите со храна во земјава, како би се откриле нерегуларностите.
Засега, лажно декларирно месо се продавало во Велика Британија, Шведска, Романија, Франција и Ирска, додека според информациите на Би-Би-Си, го имало и на пазарите во уште 11 европски земји.
Инаку, според анализирани примероци во европските земји, „говедското месо“ содржело од 60 до 100 отсто коњско месо.
OhridNews












