Лазаров не заборови да ја изговори легендарната изјава на Владо Илиевски “Леле луѓе што направивме“. Да си ми жив Владо македонска спортска легендо – во делируим рече капитенот.
Најдобриот стрелец во историјата на светските и европските првенства Кире Лазаров, напомена дека сонот на оваа генерација останува ЛОИ 2012 година.
– Да сме живи и здрави, да ги минеме успешно квалификациите и после сите заедно, со пасоши во џебот, да се упатиме кон Лондон– посака Лазаров.