Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров со Атлетико Мадрид триумфираше во Копа дел реј, откако во финалето со 37- 31 ја совлада Барселона.

Лазаров кој постигна седум гола беше избран за најдобар играч на финалето.

По освоениот трофеј во купот, шпанскиот ракометен гигант погледите ги врти кон Лигата на Шампиони, каде во осминафиналето играат со Кадети Шафхаузен.

Ohridnews