Кире Лазаров го предводи тимот на колото во ракометната Лига на шампиони. Македонскиот репрезентативец во поразот на Барселона од Кјелце (31:33) постигна 12 голови.


Лазаров, против полскиот шампион, постигна девет голови од игра и три од седум метри, но не можеше да го спречи поразот на Барселона.

Покрај Лазаров место во идеалниот тим на десеттото коло има за Нарсис и Омејер од ПСЖ, Бомбач од ПИК Сегед, Лингдбое од Елверум, Стојковиќ од Брест Мешков и Туми од Монпелје.

Идеален тим на 10.коло : голман: Тиери Омејер (ПСЖ), десно крило: Ајмен Туми (Монпелје), десен бек: Кире Лазаров (Барселона), среден бек: Деан Бомбач (ПИК Сегед), лев бек: Даниел Нарсис (ПСЖ), лево крило: Ајмен Туми (Монпелје), пивот: Растко Стојковиќ (Мшеков Брест).

Лазаров го предводи тимот на колото.

Најдобрите пет голови и најдобрите пет одбрани.

Ohridnews