Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го предводи тимот составен од ветерани на Европското првенство во Полска.


Специјализираната страница за ракомет „balkan-handball.com“ ги одреди седумте ракометари кои се стари над 35 години, а за капитен го назначи македонскиот репрезентативец.

На голот се наоѓа неуморниот Тиери Омејер, лево крило е Гудјон Валур Сигурдсон, десно крило е Никлас Лендин, бекови Даниел Нарцис, Чема Родригез и Лазаров, а на линијата од шест метри е Јеспрер Нодесбо.

Конкуренцијата за составот беше голема, а место во тимот на ветераните немаше за Арпад Штербик, Жером Фернандез, Матиас Андерсон, Урош Зорман и Бо Шпелерберг.

Ohridnews