Предводникот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров и екипата на Атлетико Мадрид изборија пласман во финалето од Асобал купот победувајќи го Натурхаус Ла Роха 34-30 (15-15).

Противник на Кирил Лазаров во финалето кое се игра в сабота во 18:30 часот ќе биде победникот од вториот полуфинален натпревар помеѓу Барселона и Адемар Леон.

Македонскиот “бомбардер“ Лазаров беше стрелец на шест погодоци, Маркусен постигна пет исто колку и Агиналде.

Мх.П.