Составот на Барселона му се придружи на Вардар во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони, откако финишираше на првата позиција во А групата пред ПСЖ и Веспрем.


Каталонците првото место во една од двете групи го осигураа со триумфот пред своите гледачи над Висла Плок со 36-28 (17-15).

Капитенот на Македонија, Кирил Лазаров на дуелот со полјаците постигна шест голови од исто толку обиди и со десното крило Виктор Томас кој мечот го заврши со седум погодоци беа ударна игра на „блауграната“.

Во 1/4 финалето Барселона ќе го чека подобриот од германскиот двомеч Рајн Некар – Кил, додека Вардар поуспешниот од дуелот меѓу Фленсбург – Мешков Брест.

OhridNews