Македонија на првиот натпревар од предолимпискиот турнир претрпе пораз од 28-26 од репрезентација на Унгарија.

Ништо не е загубено, одиме понатака. Унгарците ги искористија сите наши грешки и немилосрдно не казнуваа. Одигравме со пола снага, но кога победуваме и губиме мора да сме заедно. На мечот против селекцијата на Шведска, ќе се бориме со сите сили и ќе се обидиме да ја израдуваме македонската јавност – посочи капитенот на “црвено жолтите“ Кирил Лазаров.

Предводникот на македонската “фаланга“ Кирил Лазаров со седум погодоци беше најефикасен во македонскиот состав, но ја немаше онаа свежина и разноврсност во играта на македонскиот “бомбардер“ како на Европскиот собир во Србија.

Мх.П.