Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска пристигнува во Охрид, каде во среда го игра одлучувачкиот натпревар за првото место во квалификациската група за пласман во баражот кој води на ЕП. Нашиот противник, Србија во Охрид доаѓа утре.

Во меѓувреме спортската сала „Билјанини извори“ наголемо се подготвува за претстојниот квалификациски натпревар. „Се вршат корекции на  паркетот,  се  пребојадисуваат оштетните делови, како и вертикалните врати позади головите на кои забелешка имаше ЕХФ (Европска ракометна федерација) која неодамна направи инспекција на салата „Билјанини извори“. Се вршат поправки и во соблекувалните, замена на искршен инвентар, нови грејни тела и слично – изјави неодамна директорот на ЈП Охридски Комуналец, Боро Павлоски.


се освежува и паркетот во “Билјанини извори“

Натпреварот помеѓу Македонија и Србија ќе се одигра на  на 17-ти јануари во 18 часот во салата „Билјанини извори“. Во продажба се пуштени 2500 билети по цена од 100 денари. Билетите можат да се купат во ТА “Вис Пој“, како и во обложувалниците ’Премиер“, “Депортиво“, “Џокер“ и“Спорт лајф“.