Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров имаше фантастичен настап во лигата на шампионите во дресот на Загреб на гостувањето во Шпанија против Адемар Леон.

Лазаров беше најефикасен на теренот со 11 постигнати голови од кои 6 постигна од пенал. Сепак хрватскиот тим загуби со 29:23. Во истата Ц група нашиот претставник Вардар Про својот натпревар го игра во сабота против швајцарскиот тим Шафхаузен.

Во наредното второ коло Лазаров во Загреб ке го пречека македоснкиот шампион Вардар Про.

Во најсилната лига во Италија ,Серија А,  конечно во петтиот обид римски Лацио со Горан Пандев во составот успеа да ја извојува првата победа во првенството совладаувајки го Каљари со 3-1.Творци на триумфот за небесно сините беше дуото Пандев – Роки.


Горан Пандев

По серијата асистенции конечно и Горан се запиша во листата на стрелци постигнувајки го вториот гол во убедливата победа на Лацио.Во одлична форма нашиот интернационалец ќе го пречека дербито во Лигата на шампиони кога во вторник на Олимпико ке пристигне кралскиот клуб од Мадрид, Реал.

Мирко Постоловски