„Црвено жолтите“ против бранителот на трофејот Франција ќе го започнат четвртото учество, трето во низа на европските првенства.
– Првите мечеви се најтешки од вакви големи собири, а нас ни се падна и таков противник. Се подготвуваме како за секој друг натпревар без разлика што против нас ќе го имаме најсилниот колектив во светот. Гледавме снимки и сите увидовме дека тие во од ја менуваат генерацијата, но сепак се работи за Франција. Тие загубија во контролниот меч со Катар, но ја победија Данска и во двата меча видовме многу желба за надигрување. – рече Кирил Лазаров.
Против себе капитенот ќе има играчи со кои ги има делено соблекувалните во многу клубови. – Се видов со Никола Карабатиќ, Сорендо и Лук Абало и можам да кажам дека се работи за големи професионалци и пред се големи вљубеници во ракометот. Не се зафркаваме никогаш кога играме еден против друг туку си посакуваме среќа.
Натпреварот меѓу Македонија и Франција се игра во 18 часот.
OhridNews