Репрезентативецот Филип Лазаров одигра клучна улога во триумфот на Вардар против Металург што го лансираше “црвено црниот“ состав на врвот од Супер лигата.


– Заслужено стигнавме до титулата, а на Металург им честитам за одличната сезона, но во оваа сезона докажавме дека сме поквалитетни од нив. Што се однесува до мечот одигравме крајно мотивирано не дозволивме да не понесе фантастичната атмосфера на трибините. Сега предизвикот е поголем затоа што наредната сезона ќе ја претставуваме Македонија во Лигата на Шампиони – рече Лазаров по завршување на мечот.

Вардар и Металург сезонава ги поделија титулите во Македонија откако ракометарите од “Автокоманда“ го освоија Купот, а “црвено црните“ титулата во ракометниот шампионат.

Мх.П.
фото : „Екипа.мк“