Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров е на само пет гола од вечноста. Лидерот на “Македонската фаланга“ со 53 постигнати гола е апсолутен лидер на листата на стрелци.


Лазаров покрај одличната реализaција (55 %) има уште и 24 асистенции кои го прават еден од најкорисните играчи на првенството.

Македонија со Лазаров во составот до крајот на шампионатот ќе одигра уште еден натпревар против Словенија каде за очекување е македонскиот капитен да го собори рекордот на Олафур Стефансон (Исланд) и Штефан Ловгрен (Шведска). Овие двајца легендарни ракометари во 2002 година на ЕП во Шведска, постигнаа по 57 погодоци.

Лазаров веќе е сопственик на еден рекорд, кој тешко дека ќе биде соборен во догледно време, со 92 погодоци, тој е најдобар стрелец во историјата на светските првенства.

М.П.